По повод 1-ви Декември, Светски ден за бобра против СИДА, Институтот за јавно здравје го објави извештајот за состојбата со ХИВ/СИДА во Македонија во 2025 година.
Како што е наведено во истиот, во 2025 година (заклучно со 27.11.2025), пристигнати се пријави за 38 новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА во Македонија, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ/ЕЕА во 2024 била 5,3/100.000 жители1.
-Бројот на случаи во 2025 година е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година кога беше регистриран 51 случај (заклучно со 27.11.2024). Од случаите во 2025 година, најголем дел (n=15) се со место на живеење во Скопје со инциденца од 2,5/100.000 жители.
Останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 14 градови од Македонија. Еден случај во 2025 е странски државјанин. Дистрибуцијата на случаите дијагностицирани во 2025 е претставена во Табела 1. Во 2025 година, регистрирани се 8 смртни случаи поврзани со СИДА, објави Институтот за јавно здравје.
Според извештајот, местата на живеење на новорегистрираните и починати лица од ХИВ/СИДА се Скопје – 15 новорегистрирани случаи и двајца починати, Тетово – три нови случаи, Прилеп – еден, Охрид два случаи и двајца починати, Виница – два случаи, Струга – два случаи, Кочани – два случаи, Пробиштип – еден, Гостивар – еден нов случај и еден починат, Велес – еден случај, Делчево – еден случај, Куманово – еден случај, Кичево – еден случај, Битола – еден случај, Крива Паланка – еден случај, Струмица – двајца починати, а регистриран е и еден странец кој починал.
Деск
ОСУМ ЛИЦА ПОЧИНАЛЕ ОД ХИВ/СИДА ВО ЗЕМЈАВА, ИЈЗ ОБЈАВИ ВО КОИ ГРАДОВИ СЕ НОВОИНФИЦИРАНИТЕ 38 ЛИЦА!
2 Mins Read

