Денес, 8 декември се празнува државниот празник Св. Климент Охридски. Овој празник од верски аспект е многу значаен за градот Охрид, но и за целата македонска држава и македонската православна црква.
Свети Климент Охридски е еден од првите средновековни словенски светци, научник писател и просветител. Тој бил основач на Охридската книжевна школа, позната како Прв словенски универзитет и се смета за покровител на образованието и јазикот. Како ученик на св. Методиј, ја создава кирилицата и ги описменил сите словенски народи.
Овој празник во нашата држава е прогласен за државен празник и неработен ден за сите. Се слави како именден и како куќна слава. Не ја менува датата, т.е. секоја година се одбележува на 08 декември, без разлика кој ден од неделата ќе се погоди.
Деск
Next Article НАЈАВЕНИ ЧЕТИРИ КОНЦЕРТИ СО НОВОГОДИШНИ ЗВУЦИ!

