Во сабота во Тбилиси, Грузија, ќе се одржи 23-то издание на Детска Евровизија. Македонската претставничка Нела Манчевска веќе ја имаше својата прва проба на големата евровизиска сцена, а ќе не претстави со песната „Miracle“.
За истата, музиката е дело на композиторот Лазар Цветкоски, а текстот го потпишува неговата сестра Магдалена Цветкоска.
Нела пак, зад себе има околу 20 настапи на музички натпревари, а има освоено и Гран при на натпреварот посветен на интернационалните песни на Тоше Проески.
Б.Н.

