Полициски службеници од Единица за службени кучиња и полициски службеници од ОВР Кавадарци со судска наредба вршеа претрес во Марена. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Велес, претресот се извршил во понеделникот, во домот, во помошните простории и во автмобилот кој го користел 33-годишниот А.К. од село Марена.
-При претресот во домот се пронајдени и одземени ловечка пушка, куршум за автоматска пушка и три иницијални каписли за индустриски чекан, кои ги поседувал без соодветна документација.
Додека, во возилото е пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Со А.К. е извршен службен разговор, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.
Деск
Previous ArticleПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ!

