Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека се намалуваат надоместоците на членовите на одборите, се крати нивниот број, и нема да се исплаќаат надоместоци кога не се одржуваат седници.
-Ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори, го кратиме и бројот на членови
Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните.
Затоа, на денешната седница на Советот на град Скопје, која продолжува и во вечерните часови, донесовме важна одлука со која ја намалуваме висината на надоместокот за членовите на управните и надзорни одбори и го кратиме нивниот број.
Оваа промена е исправка на неправилностите што со години се повторувале, соопшти Ѓорѓиевски.
Тој појаснува дека во минатото, се исплаќале месечни надоместоци дури и во услови кога седници воопшто немало и тоа создавало непродуктивни трошоци кои граѓаните ги плаќале.
-Со новата одлука, надоместок ќе се исплаќа само тогаш кога навистина ќе се одржи седница.
Исто така, ги намалуваме и износите, па наместо 12.000 денари за претседател и 10.000 денари за член, новите лимити изнесуваат 10.000 и 8.000 денари. Паралелно, го редуцираме и бројот на членови во управните одбори. Таму каде што некогаш имало и по 14 членови, бројката се ограничува на седум.
Ова е уште еден од чекорите со кои ги кратиме непродуктивните трошоци и воспоставуваме ред во работењето на Град Скопје, истакна градоначалникот.
Вели дека времето на „како досега“, завршува и се започнува со нова практика, со транспарентно, ефикасно и домаќинско управување, какво што скопјани одамна заслужувале.
Деск
СЕ ИСПЛАЌАЛЕ НАДОМЕСТОЦИ И КОГА НЕМАЛО СЕДНИЦИ, ЃОРЃИЕВСКИ ЗАПОЧНА СО КРАТЕЊЕ НА НЕПРОДУКТИВНИ ТРОШОЦИ
2 Mins Read

