Големиот предновогодишен концерт на Аца Лукас, кој беше најавен за 30-ти декември во во СЦ Билјанини извори во Охрид е откажан.
Наместо неговиот настап, во најавата на организаторот е истакнато дека на 30-ти декември ќе се одржи концерт на Дарко Лазиќ и Александра Младеновиќ, но не е спомнат ниту еден детал околу причините за откажувањето на настапот на Лукас.
Обожаватели на пејачот, кои веќе купиле билети за концертот, за ВИКИМЕДИА потврдија дека биле известени дека Лукас не доаѓа, а наместо неговиот, ќе можат да го следат концертот на Лазиќ и Младеновиќ.
И на страницата за продажба на билети, сега се објавени детали за концерт на Лазиќ и Младеновиќ, на истиот датум, кога претходно беше најавен Лукас.
Како потсетување, последното гостување на Лукас во земјава заврши неславно, откако беше приведен во полициска станица среде пеење во локал во Кавадарци, бидејќи немал потребни документи за настапот.
В.К.

