Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствије, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Имено, по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата Инфомакс и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот.
Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор, известија од министерството.
Деск
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПО БРЗА ПОСТАПКА И ПРИТВОР ЗА ЛИЦЕТО КОЕ УПАДНА ВО СТУДИОТО НА ИНФОМАКС
1 Min Read

