Браќата Миле и Георги Барбаровски се добитници на наградата за животно дело „Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици“, која им беше доделена по повод празникот на Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.
Општина Струмица ги додели годишните признанија на свои истакнати граѓани, а добитниците беа предлагани од страна на своите сограѓани преку Јавниот конкурс кој беше распишан минатиот месец.
За браќата Барбаровски, зборуваат нивните авторски дела, песните кои ги оставија како културно наследство за идните генерации.
Тие се автори на голем број на фолк хитови, помеѓу кои ,,Заветна”, ,,Ако згрешам нека изгорам”, ,,Дали чекаш стара мајчице”, ,,Песната може се”, ,,Молитва” и многу други.
Деск
НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА БРАЌАТА БАРБАРОВСКИ КОИ ГИ СОЗДАДОА НАЈПОПУЛАРНИТЕ ФОЛК ПЕСНИ
1 Min Read

