Мал спортски авион денеска околу 12:35 часот се урна во водите на Мавровското Езеро, во близина на браната „Белички канал“. Информацијата ја потврдија од СВР Тетово.
Од леталото успеале да излезат двајца косовски државјани, 41-годишниот Џ.П. и 64-годишниот Д.М., кој го управувал авионот.
Двајцата се здобиле со телесни повреди и веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово.
Полицијата од веднаш излегла на терен и извршила увид.
Според првичните сознанија, пилотот Д.М. во разговор со полицијата изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот на авионот.
Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.
М.К.

