Кавадаречките полициски службеници вчера привеле 43-годишник од градот, кој претходно бил пријавен дека среде улица се му се заканувал, физички го нападнал, а и одзел пари од негов сограѓанин.
-Вчера во 16:11 часот, на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода М.Ј.(43) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:00 часот, на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, на Н.Ј.(31) од Кавадарци насилно му одзел пари, му упатувал закани и физички го нападнал, соопштија од Секторот за вантрешни работи Велес.
Од таму додаваат дека М.Ј. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
Previous ArticleНОВИОТ ШОПИНГ ЦЕНТАР ВО ГЕВГЕЛИЈА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ

