Денес во Олимпик Палас, Тбилиси, Грузија, се одржа 23-то издание на манифестацијата Детска Евровизија. Победата ја освои Франција, со претставничката Lou Deleuze и песната “Ce Monde”, која освои 248 поени. Зад неа е Украина со 177 поени, а на трето место е Грузија со 176 освоени поени.
Македонија ја претстави Нела Манческа со песната „Miracle“,чија музика е дело на композиторот Лазар Цветкоски, а текстот го потпишува неговата сестра Магдалена Цветкоска. Таа го освои седмото место со освоени 141 поени.
Земјава учествува на Детска Евровизија од самиот почеток во 2003 година. Најлошиот резултат бил остварен во 2015 со 17-то (последно) место, а најдобриот пласман го освои во 2007 и 2008 година, во двата наврати со 5-то место.
В.К.

