Синоќа во 20:42 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во продажен објект во Неготино, едно лице со закана кон вработената одзело пари од касата, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Од полицијата додаваат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Веста за грабежот во познат маркет за кратко време синоќа се прошири во градот и ги вознемири граѓаните, затоа што грабежот се случил со закана со огнено оружје и на повеќе локации можеше да се забележи засилено полициско присуство.
Од СВР Велес за ВИКИМЕДИА потврдија дека по сторителот интензивно се трага.
В.К.

