Сопственикот на продавница за овошје, кој го ризикуваше својот живот за да разоружи еден од напаѓачите за време на терористичкиот напад на плажата Бонди во Австралија, е прогласен за херој за своите постапки.
Властите во Австралија соопштија дека двајца напаѓачи, 50-годишен маж и неговиот 24-годишен син, убиле најмалку 15 лица и раниле уште многумина за време на прославата на Ханука на познатата сиднејска плажа. 50-годишниот напаѓач исто така беше убиен, а 24-годишниот е хоспитализиран во “тешка состојба”, изјави комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Мал Лејнон.
По смртоносното пукање во неделата, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа маж како се крие зад паркиран автомобил покрај Кембел Парад, главна улица што се протега паралелно со плажата Бонди. Во едно видео се гледа како скока и се фрла врз еден од осомничените, кој штотуку пукал со оружјето кон нешто што не се гледа.
Мажот, кој локалните австралиски медиуми го идентификуваа како 43-годишниот продавач на овошје Ахмед ал Ахмед, потоа му го одзема пиштолот и го насочува кон напаѓачот, кој се повлекува.
Локалниот медиум 7News објави дека ал Ахмед се здобил со две прострелни рани.
Деск
Previous ArticleНЕНАЈАВЕНО И БЕЗ МЕДИУМСКА ПОМПА, ГОЛЕМИОТ ЏОНИ ШТУЛИЌ СЕ ВРАТИ!

