Дочекот на новата година на скопскиот плоштад ќе помине без традиционалниот огномет на полноќ, кажа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Присутните ќе можат да се забавуваат со настапите на Куку Леле, Тамара Тодевска, Каролина Гочева, Миле Кузмановски, 2Бона, Лара и Пајак и други.
Прва општина во земјава која се откажа од новогодишен огномет е Кавадарци. Од таму соопштија дека причините за откажување се вознемиреност кај лица со аутизам и бебиња, паничен страв кај домашни миленици, како и дополнително загадување на воздухот.
В.К.

