Министерството за внатрешни работи излезе со детали за пожарот кој вчера избувна во централното подрачје во Неготино.
Како што известуваат од министерството, пожарот настанал во една куќа, а потоа се проширил и зафатил две соседни куќи.
-Вчераво 08:55 часот, во ОВР Неготино е пријавено дека настанал пожар во куќа на улица „Партизанска“ во Неготино, сопственост на Б.А.(66) од Неготино, кој се проширил и зафатил две соседни куќи, сопственост на Д.П.(68) и Г.М.(65), двајцата од Неготино.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Неготино.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, известија од министерстото.
Деск

