Кон крајот на декември, земјава ја очекува вистинска зимска идила. Според најавите, температурите ќе се спуштат под нулата, а снежната покривка ќе донесе празнична атмосфера и слики како од разгледница, особено во повисоките места и планинските региони.
Метео прогнозерот Славчо Попоски објави дека конечно од Католички Божик 25 декември се гледа крајот на натпросечно топлото време за декември и конечно доаѓање на вистинската зима, снегот и на многу ладното време во Европа, Балканот и во Македонија.
-Според она што можам во моментов да го кажам зимско и многу ладно време ќе имаме и за нова година, објави Попоски.
Деск
Previous ArticleСТАЦИОНАРОТ ,,ШЕПА” ВО ГЛИШИЌ БАРА ИТНА ДОНАЦИЈА ОД ЌЕБИЊА

