Направен е нов исчекор во ортопедската хирургија, за првпат е изведена операција со навигациски систем при вградување тотална протеза на колк – технологија што овозможува 3D визуелизација во реално време и поголема прецизност при поставување на протезата, соопштија од Министерството за здравство.
Додаваат дека ова е важен чекор во усвојувањето на современи технологии во јавното здравство, но и во јакнењето на капацитетите на клиниката, бидејќи паралелно се спроведува едукација на медицинските тимови за користење на системот, а со цел континуирана и поширока примена во иднина.
-Крајната цел е помал ризик од компликации, побрзо закрепнување и повисок квалитет на живот за пациентите, со здравствени услуги усогласени со современи светски стандарди, соопштија од министерството.
Деск

