Голема трагедија се случила во раните утрински часови во неготинската населба Тимјаник, во која животот го загуби 17-годишно момче, извести Секторот за внатрешни работи.
Како што соопштија од полицијата, на 20.12.2025 во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб.
-Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција, известија од СВР Велес.
Деск
Previous ArticleДВЕ КРИВИЧНИ ЗА ПИЈАН ВЕЛЕШАНЕЦ КОЈ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ ВО СТАНИЦА

