Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Форумот на повратници во државата и порача дека враќањето на иселениците не е симболично, туку суштинско, што значело дека Македонија не е заборавена.
-Ние не можеме да се лутиме на оние кои заминале. Ги разбираме. Ја разбираме нивната мака, нивната борба, нивните тешки одлуки. Знаеме дека многумина заминаа, затоа што немаа избор. Затоа што сакаа подобро образование за своите деца, посигурна работа, достоинствена плата, стабилен живот. И тоа е нормална човечка потреба. Тоа е борба за иднина.
Но исто така знаеме и нешто друго. Дека колку и да оди човек далеку, срцето секогаш го влече назад. Затоа што, како што мудро вели нашиот народ – каменот тежи на своето место. Каде и да одите низ светот, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци. Почитувани пријатели, ценети, можеби и добро платени – но дојденци, кажа премиерот.
Исто така, тој порача дека Македонија не стои во место, туку се менува и развива. Истакна дека се граделе патишта, фабрики, капацитети што носат додадена вредност и се инвестирало во индустрија, во енергетика, во инфраструктура, а економијата растела.
На крај, рече дека враќањето назад во земјата било сила.
Деск

