СВР Велес поднесе кривична пријава против П.С.(69) од Кавадарци поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од таму, на 13.05.2025 на Градски пазар во Неготино, полициски службеници извршиле контрола на тезга која ја користел пријавениот, како и во неговото патничко возило „форд транзит“, при што се пронајдени и одземени повеќе пакувања режан тутун без бандерола со повеќе видови натписи.
Додека, при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со режан тутун без бандерола.
Деск
КРИВИЧНА ЗА КАВАДАРЧАНЕЦ КОЈ ПРОДАВАЛ РЕЖАН ТУТУН БЕЗ БАНДЕРОЛА НА НЕГОТИНСКИОТ ПАЗАР
1 Min Read

