Спуштањето на ладниот воздух ќе донесе ладен бран со многу сув студ и особено ветровито време во недела, објави метеопрогнозерот Славчо Попоски.
За викендот најавува утрински темпеартури од -7 до 1 степен, а преку ден тие ќе се искачувале во интервалот од 3 до 10 степени.
-Уште поладно утро ќе ни донесе денот понеделник 29 декември кога наутро температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен додека на високите места и на планините тие има услови да се спуштат и под -10 степени, пронозира Попоски.
Деск

