Популарниот босански пејач Мирза Селимовиќ пред неколку часа пристигнал во Крива Паланка, и вечерва во 19.00 часот ќе пее на плоштад. Неговиот настап е во склоп на општинската новогодишна програма, а градоначалникот Сашко Митовски објави нивна заедничка фоготграфија, пред почеток на настанот.
Кривопаланчани го очекуваа Селимовиќ и годинава, во август, кога беше најавен негов концерт на фестивалската манифестација, но тогаш гостувањето беше ненадејно откажано. Подоцна градоначалникот соопшти дека пејачот не дошол поради здравствени проблеми, а наместо него настапија Дејан Петровиќ и Биг Бенд, а по нив и главната музичка ѕвезда, Цеца Ражнатовиќ.
Инаку, во Крива Паланка периодов секојдневно се одржуваат празнични активности за сите генерации.
Утре ќе настапуваат Љубојна и Тајзи, а во тек на деновите до новата година, постојано има забавни програми.
В.К.
ОТКАКО ЛЕТОВО НЕНАДЕЈНО ГО ОТКАЖА НАСТАПОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА, ВЕЧЕРВА МИРЗА СЕЛИМОВИЌ ЌЕ ИМ ПЕЕ НА КРИВОПАЛАНЧАНИ НА ПЛОШТАД!
1 Min Read
Previous ArticleНОВОГОДИШНА ДРУЖБА НА ДЕЦАТА СО ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ВЕЛЕС

