По трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, и по консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, денеска остварив телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
Тој вели дека во разговорот изразил искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, со желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
-Ја изразив подготвеноста на нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи. Дополнително, доколку има потреба, подготвени сме и македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да помогнат во процесот на лекување.
Поддршката во вакви моменти е од суштинско значење. Целосно стоиме на располагање на нашите швајцарски пријатели во справувањето со оваа трагедија, соопшти министерот.
Деск
МАКЕДОНИЈА ПОНУДИЛА ДА ИСПРАТИ ЛЕКАРИ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ДА ПОМОГНАТ ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КРАН-МОНТАНА
1 Min Read

