Православната црква „Свети Никола“ во Бенкстаун, Австралија, објави апел за собирање на финансиска помош за семејството Ивановски, Македонци по потекло од делчевско, чиј син Стивен (16) исчезна во пожарот кој на новогодишната ноќ избувна во бар во Швајцарија.
-Искрено ве молиме за вашите молитви и поддршка за семејството на Стивен Ивановски, кое неодамна беше погодено од трагичните настани во Кран-Монтана, Швајцарија. Во текот на овој тежок период, семејството е длабоко засегнато, и секоја помош за нивна поддршка е добредојдена.
Доколку сте во можност да помогнете, донациите можете да ги уплатите на следната сметка:
Име на сметка: St Nicholas Orthodox Church
BSB: 082 124
Број на сметка: 50 917 1048
Референца: Поддршка на семејството Стивен, објавија на страницата на црквата.
Исто така, од таму апелираат доколку некој има какви било информации што би можеле да му помогнат на семејството или доколку сака да понуди поддршка на друг начин, да ја контактираат Марина на 0430 386 599.
-Во име на Православната црква „Свети Никола“ во Бенкстаун, би сакале да ви се заблагодариме за вашето сочувство, молитви и великодушност, објавено е на страницата на црквата.
Инаку, фотографијата на Стивен се споделуваше деновиве со апел доколку некој има информација за него, да помогне, бидејќи се водеше како исчезнат во пожарот.
Официјално, до сега не е соопштено дали е пронајдено момчето. Неофицијално пак, повеќе домашни медиуми објавија дека момчето било помеѓу починатите, а информацијата доаѓала од блиски на семејството.
Во пожарот загинаа 47 млади лица, а над сто се повредени. Според швајцарските медиуми, се уште се врши идентификација на загинатите и повредените.
Деск
СЕ СОБИРААТ ДОНАЦИИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА 16-ГОДИШНИОТ СТИВЕН КОЈ ИСЧЕЗНА ВО ПОЖАРОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА
2 Mins Read

