Пожарот во барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана на Нова година над 40 млади животи. Стефан И. (31), член на обезбедувањето во локалот, успеал да спаси неколку гости од пламените, пред и самиот да го загубил животот.
Стефан Ивановиќ (31) е роден во селото Јајчиќ, а последните дваесетина години живеел во Швајцарија. Во родното место има чичко, додека неговите родители престојувале и во Швајцарија и во Јајчиќ.
Во моментов тие се наоѓаат во Швајцарија, каде што ги завршуваат процедурите за транспорт на телото на нивниот син.
Соговорник од Јајчиќ за српеските медиуми изјави дека Стефан бил исклучително добар и почитуван млад човек, кој зад себе оставил длабока тага кај сите што го познавале. Според неговите зборови, семејството Ивановиќ е познато како скромно, вредно и повлечено.
На веб-страницата на фондацијата „Хепи пот“ се наведува дека е покрената акција за собирање средства со цел да ѝ се помогне на семејството на Стефан тој да биде испратен на вечно почивалиште во Србија, каде што е планирано да биде погребан.
Целта на оваа фондација е да ги покрие сите трошоци за транспортот на Стефан во Србија, како и трошоците за погребот.
-Сакаме на Стефан да му обезбедиме последно збогување достојно за човекот каков што беше и да ѝ пружиме конкретна поддршка на неговата фамилија во овој исклучително тежок момент, се наведува во соопштението.
М.К.
СТЕФАН ЗАГИНА СПАСУВАЈЌИ ГИ ДРУГИТЕ: ДОАЃА ОД СКРОМНО И ВРЕДНО СЕМЕЈСТВО, СЕ СОБИРА ПОМОШ ЗА ТРАНСПОРТ И ПОГРЕБ ЗА МЛАДИОТ СРБИН
2 Mins Read

