Агент на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) застрела и уби жена во нејзиниот автомобил во Минеаполис, по што избувнаа протести на населението поради убиството. Жртвата е 37-годишната Рене Никол Гуд, која локалното население ја опиша како добра личност, самохрана мајка на 7-годишно дете чиј сопруг починал пред неколку години, која најверојатно испаничила пред агентите, и затоа се обидела да замине со автомобилот.
-Тој е обучен агент и имаше избор да пука во гумата на возилото ако сакаше да ја запре. Но, тој избра да пука директно во неа и да ја убие, реагираат граѓаните.
На социјалните мрежи се објавија видео снимки од очевидци, кои покажуваат како возило им го попречува патот на агентите. Еден агент излегува од возилото и се приближува кон возилото управувано од жена, кое стои на средина од патот, и му вели на возачот да ја отвори вратата и ја фаќа рачката. Тогаш жената тргнува со возилото напред, а друг службеник вади пиштол и испукува најмалку два истрела одблиску додека возилото се движи, и ја убива.
Според властите, возилото се движело кон него, па тој затоа пукал. Според други, жената само сакала да си замине без да биде легитимирана.
Властите тврдат дека пукањето било во самоодбрана, но градоначалникот на градот го нарече неодговорно и непотребно, и побара Службата за имиграција да си оди од градот.
Деск

