Во Општина Кичево се бележи намалување на водостојот на реките Зајашка и Треска и постепено повлекување на водата, соопшти Центарот за управување со кризи.
Како што известуваат од таму, екипите на ТППЕ Кичево и ЈП „Комуналец“ интервенираат со испумпување на водата и расчистување на каналите.
-Состојбата со поплавените станбени објекти на улицата „Прилепска“ е непроменета и евакуираните 120 лица сè уште се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што се обезбедени здравствена заштита, топол оброк, лекови и хигиенски услови, велат од центарот.
Обилните врнежи од дожд кои деновиве ја зафатија земјава, предизвикаа излевање на реки во повеќе општини и повеќе штети.
Според последните информации од ЦУК, секаде се следи состојбата која денес веќе се стабилизира, но се препорачува внимателно движење покрај реките.
Деск

