На 19-ти јануари (понеделник) на плоштадот Автокоманда со почеток од 13.00 часот ќе се одржи манифестацијата Пивтијада, најави градоначалникот Бобан Стефковски.
Како што истакнува, на настанот ќе се продаваат пивтии, а собраните средства ќе биле донирани на Клиниката за детски болести.
-Во натпреварувачкиот дел ќе се избираат најубаво украсените пивтии, а по оценувањето од стручна комисија, најдобрите три ќе бидат наградени.
Во забавниот дел ве очекуваат одлични настапи на: Миле Кузмановски, Давид Темелков, Даниела Темелковска и Ансамблот „Јонче Христовски“, објави Стефковски.
Тој ги повика граѓаните да дојдат на дружба со музика, и да ја покажат својата хуманост.
Деск
ПОЗНАТИ МУЗИЧКИ ИМИЊА ЌЕ ГОСТУВААТ НА ПИВТИЈАДА, СРЕДСТВАТА ОД ПИВТИИТЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ДЕТСКАТА КЛИНИКА
1 Min Read

