Во ек е зимската сезона во Попова Шапка, најпознатиот зимски спортско-рекреативен центар во земјава. Погоден е за сите скијачки дисциплини и посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2, а дневните и сезонски ски-билети за оваа сезона се од 900 до 1.400 денари.
Како што е истакнато во ценовникот, за деца од 6 до 14 години, дневниот ски билет е 900 денари од понеделник до четврток, а пак 1.050 денари за викенд.
За лица од 15 до 62 години дневниот билет е 1.200 денари во работни денови, а 1.400 за викенд, а пак пензионерите, односно скијачите постари од 63 години има попуст од сто денари.
Дневниот ски билет за пензионери во работни денови е 1.100 денари, а за викенд изнесува 1.300 денари.
Цените на полудневните билети за сите возрасти се за 300 денари пониски.
Се нудат и сезонски билети и тоа за деца до 14 години за 14.300 денари, за млади до 24 години се 17.600 денари, за возрасни до 62 години изнесуваат 20.900 денари, а пак за пензионерите се 10.000 денари. Да се изнајми ски инструктор за цела сезона изнесува 13.200 денари.
Деск
Previous ArticleВОДИЦИ – ПРАЗНИК КОЈ СИМБОЛИЗИРА ДУХОВНА ОБНОВА И ПРОЧИСТУВАЊЕ

