Пронајдено е лицето кое возеше со 293 километри на час на автопатот Скопје-Гевгелија, соопшти МРВ.
-Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч.
По преземените дејствија, лицето кое го управувало возилото беше идентификувано, пронајдено и повикано. Во врска со настанот, лицето А.Д. (36) од село Елово, скопско е санкциониран согласно законските одредби, известија од министерството.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зачувување на безбедноста на сите граѓани.
Деск
ЛИЦЕТО КОЕ ВОЗЕШЕ 293 КМ НА ЧАС НА АВТОПАТОТ БЛИЗУ НЕГОТИНО, ПОВИКАНО ВО ПОЛИЦИЈА
1 Min Read

