Македонскиот филм ,,Марка” со главна улога на Лазар Бараков, кој бил забранет уште во 1988 година, поради искажувања за тогашните случувања во политиката, на тема корупција и неодговорност, се уште никако да се прикаже на ТВ екраните, иако неговата забрана дошла во време на поранешна Југославија, од тогашните власти.
За филмот денес потсети актерот Лазар Бараков, кој ги сподели деталите објавени во албумот ,,Златното доба на ТВС” на ФБ страницата ,,Ѓорѓи Колозов”, а кои биле напишани според негови лични кажувања.
-,,Марка” е телевизиски филм од 1988 година на режисерот Стојан Стојаноски, а во продукција на тогашната Телевизија Скопје/МТВ. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Лазар Бараков, Светлана Бајчиновиќ, Милица Стојанова, Благоја Спиркоски – Џумерко, Стево Спасовски, Ѓокица Лукаревски и други… Филмот е снимен уште од пред распадот на Југославија.
По првата проекција на затворено во Телевизија Скопје, пред тогашните власти , беше веднаш забранет, поради искажувањето на тогашните секојдневија во политиката ; мито, корупција, неодговорност, итн,.. не им се допадна на тогашните креатори на политиката и по две затворени проекции , цензурата го стави во бункер, и после не долго време се распадна и Југославија како кула од карти…
Филмот беше гледан и од комисија составена од членови од сите Југо – телевизии и беше избран за учество на општо-Југословенски Тв-филмски фестивал во Неум и беше оценет со нај висока оценка , а Лазар Бараков во главната улога во филмот од 68 минути бил во секој кадар , и беше кажано дека нему ќе му припадне наградата за најдобар актер, објави Бараков.
Понатаму, во објавата е наведено дека по 30 и кусур години филмот ја нема видено светлината на денот и лежи таму некаде заборавен во бункерите на МТВ.
-Филмот сеуште не е осуден на доживотна робија, дали оваа власт ќе направи нешто за овој филмот да се најде онаму каде што најповеќе му е место?! На ТВ екраните, гласи пораката на крајот од објавата.
Покрај Лазар Бараков, во филмот играле и Светлана Бајчиновиќ, Милица Стојанова, Благоја Спиркоски – Џумерко, Стево Спасовски, Ѓокица Лукаревски и други.
В.К.
ЗАБРАНЕТИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ СО ЛАЗАР БАРАКОВ 38 ГОДИНИ Е ЗАБОРАВЕН ВО МАГАЦИНИТЕ НА МТВ!
2 Mins Read
Previous ArticleПИЈАН ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА: ПРИВЕДЕН МАЖ ОД ТЕТОВСКО

