Без сума од 30.000 евра останала 86-годишна жена од Виница, на која измамник и кажал дека парите се потребни за операција на ќерка и, која работела во Словенија, и наводно, се повредила.
-Вчера во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари, велат од полицијата.
Појаснуваат дека таа ги подигнала парите од банка и како што и било кажано, во дворот од семејната куќа, и ги дала на лице, кое било пратено да ги земе. Откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.
Се преземале мерки за расчистување на случајот.
Деск
И ДОШОЛ ВО ДВОР И МУ ДАЛА 30.000 ЕВРА ЗА НАВОДНО ЛЕКУВАЊЕ НА ЌЕРКА И: ИЗМАМЕНА 86-ГОДИШНА ЖЕНА!
1 Min Read

