Пратеникот Зијадин Села од Алијанса за Албанците смета дека системот Безбеден град бил поставен со цел да казнува според етничка припадност, а својата констатација ја објави на својот Фејсбук профил. Како што тврди, најмногу камери имало таму, каде што било најбројно и албанското население, а тоа според него било експлоатација.
-Штета е да се види дека дури и проектите што се промовираат за општо добро, за безбедноста на граѓаните, како што сака владата да каже, се насочени кон изнуда на една категорија граѓани! Ако знаете во чиј џеб треба да погоди, повеќе е од јасно.
– Погледнете каде се спроведува проектот “Безбеден град” – Скопје, Куманово, Тетово?!
– Погледнете ја распределбата на камерите “Безбеден град” во Скопје, каде се најконцентрирани по број? Во Карпош, Сарај, Бутел?!
Тоа се општини со албанско мнозинство, пишува Села.
Додава дека Македонија годинава треба да врати 2 милијарди евра долгови, па затоа и ќе се казнувало, односно ќе се вршела експлоатација на албанското население.
Деск
СПОРЕД СЕЛА, БЕЗБЕДЕН ГРАД ЌЕ КАЗНУВАЛ СПОРЕД ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, А НЕ СПОРЕД СТОРЕН ПРЕКРШОК
1 Min Read
Previous ArticleСООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ, ПОЧИНА 45-ГОДИШНИК

