На охриѓанец му е одземено возилото БМВ, а исто така заработи и кривична пријава, бидејќи иако имал забрана за управување на возило, пас си возел низ градот. За настанот извести Секторот за внатрешни работи Охрид.
-Вчера во 17:00 часот на улицата „Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило “бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(44) од Охрид, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка “забрана за управување со моторно возило од Б категорија”.
Известен е јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот, против Ј.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ “безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од полицијата.
Деск
ПОЛИЦИЈАТА ЗАПОЧНА СО ОДЗЕМАЊЕ НА ВОЗИЛА: ИМАЛ ЗАБРАНА, АМА ПАК ГО ВОЗЕЛ БМВ-ТО НИЗ ГРАД!
1 Min Read

