Музичарот Јанко Пенафорт од Колумбија, кој стана популарен во земјава по изведбата на стари македонски песни, ја снимил својата прва авторска песна на македонски јазик.
Заедно со неговата група ВардарАнди, тој пред камера ја изведе нумерата ,,Македонија,, во која пее за природните убавини на нашата земја и порачува дека иако не бил роден тука, сепак се чувствувал како да е тукашен.

Видеото кое е објавено на неговата официјална страница за кратко време доби многу прегледи и споделувања.
Инаку, музичарот за првпат дошол во земјава во 2022 година и се вљубил во македонската музика, како и во земјата.
Неретко изјавува дека му е чест да ја слави Македонија преку музика.
Деск

