Две деца на возраст од седум и девет години се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера, кога возилото во кое биле соптаници излетало од патот, соопшти МВР.
-Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здобил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп, обајвија од полицијата.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
Деск

