Македонскиот олимписки комитет го претставува официјалниот календар на натпревари за нашите олимпијци. Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена.
Од комитетот ги повикуваа сите поддржувачи на македонскиот спорт да ги следат нивните настапи:
Нордиско скијање (Крос-кантри):
Ставре Јада: 10.02 во 09:55 ч. (Спринт)
13.02 во 11:40 ч. (10км)
Ана Цветановска: 12.02 во 13:00 ч. (10км)
Алпско скијање:
Виктор Петков (Велеслалом): 14.02 – Прва трка (10:00 ч.) / Втора трка (13:30 ч.)
Јана Атанасовска: 15.02 (Велеслалом) – Прва трка (10:00 ч.) / Втора трка (13:30 ч.)
Јана Атанасовска: 18.02 (Слалом) – Прва трка (10:00 ч.) / Втора трка (13:30 ч.)
Македонските олимпијци се подготвени за достоинствено претставување на нашата држава. Да им ја пружиме потребната поддршка во нивниот пат кон олимпискиот успех, истакнаа од МОК.
Деск
ДА ГИ БОДРИМЕ НАШИТЕ ОЛИМПИЈЦИ КОИ ЌЕ ГИ БРАНАТ БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: РАСПОРЕД НА НИВНИТЕ НАСТАПИ НА ЗОИ
1 Min Read

