Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет д-р Стојанчо Рамов остварија прва средба со новиот вршител на должноста в.д. амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс. Ја пречекаа во кабинетот со бело и црно трпезно грозје, како дел од традицијата во Тиквешијата, каде денес се одбележува празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите.
-На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, со акцент на економскиот развој, привлекување инвестиции, поддршка на младите и образовни размени, како и соработка во земјоделството, туризмот и енергетската ефикасност.
Посетата претставува добра основа за понатамошно продлабочување на односите и реализација на заеднички иницијативи од интерес за граѓаните, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Околу тоа која е новата амбасадорка на САД, според официјални информации од амбасадата, приватно таа е мајка на два сина кои служат во Американската армија и страствен љубител на спортот, музиката и животните.
Зборува македонски, руски и латвиски јазик.
Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи, Никол служела како волонтер во Мировниот корпус во Република Латвија каде предавала англиски јазик во средно училиште. Дипломирала на Универзитетот Гонзага со двојна насока по политички науки и историја, и е добитничка на неколку високи престижни награди на Стејт Департментот.
В.К.
НИКОЛ ВАРНС ДОЧЕКАНА ВО КАВАДАРЦИ СО ТРПЕЗНО ГРОЗЈЕ, КАКО ДЕЛ ОД ТРАДИЦИЈАТА ВО ТИКВЕШИЈАТА
1 Min Read
Previous ArticleУБИЕНА ЖЕНА ВО СВОЈОТ ДОМ, УАПСЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ 25 ГОДИШНИК!

