Падна првото јавно запросување на денот на вљубените Свети Валентин. Популарниот музичар Драган Величковски – Тајзи клекна пред саканата Ангела со свршеничкиот прстен.
-Знаев дека си ти… Секогаш ти… Две души – една иднина, напиша Тајзи и објави фотографии од емотивниот чин.
Кумановецот е присутен на сцената околу 16 години. Пред неколку години откри дека на 18-годишна возраст имал тешка операција и бил на работ да го изгуби животот.
Кажа дека тогаш се молел на Бога тоа да не им го прави на неговите родители и да му даде уште една шанса. По операцијата, животот му се променил од корен и тој започнал да пее и пишува.
Во постаро интервју ни раскажа дека неговите музички успеси се должат на неговиот труд, бидејќи не бил татин син кој го добил успехот на подарок.
И покрај признанијата од публиката, не се гледал себе како некој кој е популарен, и секогаш работел со голем жар.
В.К.

