На 78-годишна возраст почина актерката Ленче Делова. Актерка со можеби најспецифичен и најавтентичен сценски сензибилитет.
На сцената на Драмскиот театар во Скопје, во тоа време Драмски младинско-детски театар, почнува да го живее својот актерски живот од 1964 година, кога има само 16 години. Токму затоа може да се каже, дека Делова навистина целата своја животна приказна ја конструираше, ја градеше и надградуваше преку приказните што театарот ги создава.
Од позначајните улоги ги одвојуваме: Пере (Дундо Марое, 1966); Жената во авијатичарска облека (Ништо, 1972); Александра (Егор Буличов и другите, 1975); Офелија (Хамлет, 1977); Франческа/Кека/ (Рибарски караници, 1979); Евдокија, баба на Паца (Солунски патрдии, 1979); Естер (Виктор или деца на власт, 1981); Ивона (Ивона, кнегиња бургундска, 1984); Роза (Игранка во времето на Лунаса, 1995); Трајанка (Ни ќар, ни зијан, 1996).
Во 1978 година ја добива наградата на град Скопје 13 Ноември, за улогата на Офелија во претставата Хамлет.
Б.Н.
Previous ArticleТАЈЗИ ЈА ЗАПРОСИ САКАНАТА НА СВЕТИ ВАЛЕНТИН

