Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција пред зградата на Владата, обвинувајќи дека премиерот се луксузира врз грбот на народот.
Од Владата пак, веднаш излегоа со демант и тврдат дека владиниот авион бил користен согласно прописите, а опозицијата ширела сензационализам.
-Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола. Ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба.
Особено е симптоматично што опозицијата свесно ја игнорира хуманитарната и државничка димензија на користењето на авионот во ситуации од итен карактер. Јавноста добро знае дека истиот воздухоплов беше ставен во функција на спасување човечки животи, меѓу другото и при транспорт и координација на активности поврзани со повредените од трагичниот пожар во Кочани, наведено е во владиното соопштение.
Деск
СДСМ ТВРДИ ДЕКА МИЦКОСКИ БИЛ НА ОДМОР НА ЈАДРАНСКО МОРЕ СО ВЛАДИНИОТ АВИОН, ВЛАДАТА ДЕМАНТИРА
1 Min Read

