Има пари во државата, ама колачот не е правилно распореден, и само 17 проценти од вкупниот колач им се дава на работнците, вели Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија.
На денешниот протест на кој се бара минимална плата од 600 евра и 100 евра зголемување на сите плати, Трендафилов истакна дека на почеток на идниот месец е можно организирање таргетирани блокади со 21 човек и во другите градови, со цел и таму да ги блокираат функционерите да доаѓаат пеш на работа.
-Им даваме рок на владините претставници до крајот на месецот да кажат за колку пари ќе ја зголемат минималната плата и за колку пари се подготвени да ги зголемат сите останати работнички плати.
Ако не, следува голем штрајк во првата половина на месец март, во неработен ден, порача Трендафилов.
Деск

