Виданка Георгиевска, доајен на македонската народна песна, годинава ќе настапи на второто издание на Фолк Фест Владимирово, настан зад кој стои маестро на хармоника, Горан Алачки. Тој веќе ги најави учесниците на манифестацијата на својот профил, обајвувајќи фотографии од снимањето на песните.
Георгиевска беше најавена како учесник на фестот и лани, и требаше да ја изведе песната ,,Наша Македонија”, но не настапи, бидејќи пред фестивалот и се случи голема семејна трагедија, и починал синот.
Нејзини колеги, учесници на фестивалот ни кажаа за трагичниот настан, од кој сите биле затекнати. Токму поради тоа, во чест на Виданка, на крај на фестот сите заедно излегоа на сцената и во еден глас, ја отпеаа нејзината песна.
Во еден глас пееа Драган Мијалковски, Наум Петрески, Круме Спасовски, Горан Кукиќ, Благоја Грујовски, Ванчо Тарабунов, Нино Величковски, Перо Христов, Горан Кукиќ…
Учесничките Зуица Лазова, Жаклина Узунова и Ленче Кукиќ пак, додека ја изведуваа песната на Виданка се прегрнаа на сцената и така прегрнати настапуваа.
Инаку, Виданка (78), е присутна на сцената уште од далечните шеесети години на минатиот век. Пее народни, но и новосоздадени македонски песни. Зад себе има бројни турнеји кај нашата дијаспора, како и над десет музички албуми.
Нејзините песни ,,Кирјана вино продава”, ,,Многу мерак имам бабо”, ,,Јоване море Јоване” и други се пеат со децении наназад и се прифатени од јавноста како народни песни.
В.К.

