Со програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, која ја усвои Владата, е одредена висината на поддршката за корисниците на подмерката 1.2, а истата е објавена во Службен весник број 27.
Во прилог, објавата
1.2 Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади
– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,5 ха одржувана површина со постоечки лозови насади или земјоделските стопанства кои имаатовошни насади збирно 0,5 ха за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, дуња, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
– Прифатлив минимален број на овошни-садници по хектар за секој овошен вид одделно е даден во Табела за минимален број на овошни – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови во Прилог 5 кој е составен дел на оваа уредба;
– Висината на поддршката за лозови насади и јаболко изнесува 42.000 денари на хектар;
– Висината на поддршката за слива, цреша и праска изнесува 37.000 денари на хектар;
– Висината на поддршката за вишна, кајсија и круша изнесува 34.000 денари на хектар; – Висината на поддршката за јапонско јаболко и калинка изнесува 25.000 денари на хектар;
– Висината на поддршката за лешник, бадем и орев изнесува 24.000 денари на хектар;
– Висината на поддршката за јагода на отворено, малина, капина, боровинка, дуња, актинидија, маслинка, смоква, аронија, шип, гоџи бери и питом костен изнесува 12.000 денари на хектар;
Висината на поддршката од алинеите 3, 4, 5, 6 и 7 од оваа подмерка е условена со предадено минимум 30% од минимално утврдената количина согласно Прилог 7 кој е составен дел од оваа уредба во период од 1 мај до 1 декември 2026 година кај откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, со исклучок во случај кога има спроведено постапка за природна непогода согласно Законот за заштита и спасување ;
-Максималниот исплатен износ за бадем, лешник и орев изнесува 2.000.000 денари по корисник Висината на поддршката од алинеите 3, 4, 5, 6, 7 и 8 од оваа подмерка за овошните култури се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30%, а висината на поддршката за лозови насади од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% и
– Минималниот потребен број на лозови садници е 1.389 садници по хектар, за насади подигнати до 15 мај 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барања е 15 мај 2026 година
Извор: Службен весник бр.27, 11.02.2026 год.

