Две лица, пензионери од Неготино, вчера останале без поголеми суми на пари, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат, вчера во 12:30 часот во ОВР Неготино, 76-годишен неготинец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 4000 евра. Според пријавеното, лицето побарало од оштетениот да му даде 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, кое го претставил како странски државјанин, а за да му докаже дека еврото е валидна валута во земјава. Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а лицето му дало чанта со катaнец да ја чува како доказ дека ќе се врати. Откако, оштетениот ја отворил чантата сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Исто така во тек на вчерашниот ден, во 17:15 часот во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријавил дека била измамена од едно лице за сума од 3000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Пред неколку дена од секторот апелираа на голема внимателност во Неготино, посебно кај повозрасните лица, бидејќи биле пријавени пет случаи на обид за измама, кога измамници барале суми и до 35.000 евра од потенцијалните жртви.
Деск

