Лишен е од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец, извести Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат, вчера во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец.
Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава.
Деск

