Денес во Свети Николе се одржува Меѓународен фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ – настан кој ја слави традицијата, песната, ората и богатото културно наследство.
Како што објави градоначалникот Дејан Владев, „Тодорица“ е место каде што се спојуваат минатото и сегашноста, каде што се негуваат автентичните изворни песни, носии и обичаи пренесувани од генерација на генерација. Фестивалот обединува учесници од земјата и од странство, создавајќи вистинска магија од бои, ритам и традиционален дух.
На настанот присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.
Инаку, денес на фестивалот настапуваат голем број на фолклорни ансамбли и групи од земјава и ансамбл од Благоевград, соседна Бугарија.
Настанот ќе биде заокруже со концерт на Лара и Пајак и настап на диџеј Тошев.
Деск
СВЕТИ НИКОЛЕ ПУЛСИРА ВО РИТАМОТ НА ТРАДИЦИЈАТА: ЦЕЛОДНЕВНА ПРОГРАМА И МНОГУ ГОСТИ ЗА ТОДОРИЦА
1 Min Read

