Една жена од Охрид и една од Струга заработија кривични пријави поради бесправно градање. Како што соопштија од полицијата, охриѓанката изградила викендица покрај езеро во Љубаништа, а стружанката изградила викендица и гаража во Струга.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П.(46) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Таа, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила објект за домување. Врз основа на констатираната состојба, надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата, соопштија од секторот за првиот случај.
За вториот случај известуваат дека ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела лоцирана во Струга, без правосилно одобрение за градење издадено од општинскиот надлежен орган, изградила објект за домување и една гаража.
Деск
ОХРИЃАНКА И СТРУЖАНКА БЕСПРАВНО СИ ИЗГРАДИЛЕ ВИКЕНДИЦИ, ЗАРАБОТИЈА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ
1 Min Read
Next Article ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ, УДРИЛ ВО КУЧЕ

