Посебен режим на сообраќај во Скопје денес, поради посета на Марк Руте.
Денес во официјална посета на Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г. Марк Руте.
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
-СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопштија од министерството.
Деск

