Полицијата синоќа одзела трактор, кој бил управуван од 18-годишна девојка, која немала возачка дозвола, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово.
-Вчераво 21:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода А.Љ.(18) од Тетово.
При контрола во патниот сообраќај на ул.„Маршал Тито“, полициски службеници сопреле трактор со тетовски регистарски ознаки, кој таа го управувала и по преземени мерки било констатирано дека А.Љ. нема возачка дозвола, соопштија од полицијата.
Додаваат дека тракторот е одземен и по целосно документирање на случајот, против девојката ќе следува соодветна пријава.
Деск

